„Кромберг и Шуберт“ ја доби дозволата за фабрика во Жабени

Bez autora
Sep 01 2011

Германската фирма „Кромберг и Шуберт“ го доби одобрението за изградба на фабрика за автомобилски кабли во индустриската зона „Жабени“ во Битола. Ова е прво одобрение за градење фабрика кое го издала Општината по најавите за 13 нови инвеститиции во зоната. „Кромберг и Шуберт“ најавува инвестиции од 20 милиони евра во Жабени и тоа во капацитет за изработка на кабелски инсталации за производители на автомобили од Европа. За почеток се најавени 2.500 работни места. Оваа фабрика првично ќе се гради на површина од 25 илјади квадратни метри. Градежната дозвола ја добивме во најкраток рок и уште овој понеделник планираме да почнеме со работите на терен. Ќе се чисти и ќе се подготвува локацијата за градба. Рокот за изградба е многу краток, што значи до март наредната година магацинот и просторот за изработка на кабли ќе мора да се подигне. Административниот објект и просторот за работниците ќе се доградат до мај 2012 година.

„Кромберг и Шуберт“ ја доби дозволата за фабрика во ЖабениГерманската фирма „Кромберг и Шуберт“ го доби одобрението за изградба на фабрика за автомобилски кабли во индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Ова е прво одобрение за градење фабрика кое го издала Општината по најавите за 13 нови инвеститиции во зоната.

„Кромберг и Шуберт“ најавува инвестиции од 20 милиони евра во Жабени и тоа во капацитет за изработка на кабелски инсталации за производители на автомобили од Европа. За почеток се најавени 2.500 работни места.

,,Оваа фабрика првично ќе се гради на површина од 25 илјади квадратни метри. Градежната дозвола ја добивме во најкраток рок и уште овој понеделник планираме да почнеме со работите на терен. Ќе се чисти и ќе се подготвува локацијата за градба. Рокот за изградба е многу краток, што значи до март наредната година магацинот и просторот за изработка на кабли ќе мора да се подигне. Административниот објект и просторот за работниците ќе се доградат до мај 2012 година“, рече Михаил Димитровски, претставник на „Иванов инженеринг“, фирма-консултант, претставник на германската фирма во Македонија.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, вели дека неколку години се создаваат услови за инвестиции во „Жабени“, а сега зоната е инфраструктурно подготвена за новите фабрики.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik